Средба на министерката Петровска со претставници на германската Академија за безбедносна политика
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе има средба со претставници на германската Сојузна академија за безбедносна политика (БАКС), кои деновиве престојуваат во посета на земјите од Западен Балкан.
Како што соопшти Министерството за одбрана, претставниците на Академијата ќе имаат можност со министерката Петровска да дискутираат на тема: „Државите на Западен Балкан – нивното влијание на европската безбедносна архитектура“.
Сојузната академија за безбедносна политика организациски е подредена на Министерство за одбрана на Германија и одговара директно на германскиот канцелар.
Претставниците од кои е составена групата се раководители на најгорниот менаџмент од германските сојузни и покраински управи, економија, наука, медиуми и цивилното општество, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата
-
Клоп: Нуњез не смее да паѓа на провокации
-
ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори
-
150 санкционирани возачи во Скопје, 21 без возачка
-
Во завршна фаза новиот закон за помилување, Претседателот ќе може да помилува само за казна
-
Паѓа бројот на новозаразени од Ковид-19
-
Американското Министерство се спротивстави на објавување документ со причините за претресот на имот на Трамп
-
Кина санкционира седум тајвански високи претставници