Македонија
28. December 2016 - 8:32

Средба на македонски автори во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска ќе се одржи средба со македонски автори, на која ќе бидат прогласени најчитаните македонски автори за возрасни и за деца во библиотечната мрежа на Библиотеката за 2016 година.

Како што информираат од Градската библиотека, на средбата ќе настапат македонските поети Михаил Ренџов, Бранко Цветкоски, Иван Џепаровски, Виолета Танчева Златева и Виктор Јакимовски.

Ќе бидат доделени плакети за наградените писатели и благодарници за повеќе издавачки куќи и институции.