Македонија
26. January 2017 - 17:47

Средба на лидерот на СДСМ Заев со шпанскиот амбасадор Каранза

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имал средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Рамон Абароа Каранза, на која разговарале за актуелната политичка ситуација и заедно ја констатирале важноста од отворање на европските перспективи на земјата, соопшти СДСМ. 

- Од исклучителна важност за земјата е да се почитува волјата на граѓаните кои одлучно се определија за промени и живот во Македонија. 612.000 граѓани со глас и пенкало поразија режим. Мнозинската волја на граѓаните мора да биде испочитувана до крај и од тие причини нашите очекувања се дека Никола Груевски до 29 јануари ќе го врати мандатот и дека ќе се формира нова и одговорна Влада согласно волјата на граѓаните. Новата Влада на граѓаните посветено ќе пристапи кон спроведување на реформските приоритети од извештаите на Прибе и Европската комисија за да се отворат демократските процеси во земјата, рекол  Заев.

Како што посочува СДСМ, Заев ја истакнал важноста на концептот на заедништво што го избрале граѓаните и рекол дека тоа е новата сила и енергија што ќе ја поведе земјата напред кон стабилна и економски просперитетна иднина за сите нејзини граѓани.