Македонија
9. October 2019 - 15:08

Средба на лидерот на ДУИ со бугарскиот амбасадор Ангелов

Билатералните односи, спроведувањето на Договорот за добрососедство и евроатлантските интеграции на нашата земја биле дел од темите на средбата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети со амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов.

Ахмети истакнал дека договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија е важно достигнување и треба да се спроведе целосно.

– Исто така, трговските односи меѓу нашите две земји треба да одат во нагорна линија, а институциите треба да го олеснат овој процес. Поддршката на Бугарија за добивањето датум за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и Европската унија е клучна и очекуваме позитивни вести од Брисел следната недела, се вели во соопштението на прес-службата на ДУИ.

Во соопштението се додава дека оваа позитивна одлука на земјите членки на ЕУ ќе го продлабочи дијалогот со Брисел и ќе ги забрза реформите во земјата.