Македонија
19. September 2017 - 20:32

Средба на Груевски со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и НАТО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членови ма ИК на ВМРО ДПМНЕ денес (19 септември 2017та година) остварја средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и НАТО како и преставници на ОБСЕ и ОДИХР.

На средбата се разговараше за актуелната состоба во државата, подготовката на локалните избори, како и стратешките интереси на државата.

Од страна на Груевски беше истакнато дека стратешки приоритет на Република Македонија преставува членството во Европската Унија и за тоа е многу важна поддршката од европските пријатели со цел придвижување на процесите. Во изминатиот период освен декларативна заложба на владата, немаше никаков суштински продонес за напредок на полето на интеграциите.

Беше изразена загриженост од негативните трендови во економијата која придонесува за слабеење на стандардот на граѓаните, и создавањето на лош амбиент за водење на бизнис.

Истовремено загрижува и тенденцијата кое преминува во редовна пракса на повреда на законите, кога станува збор за именување на функционери, како и корупциските скандали кои се врзуваат за владата, а кои говорат за незаконско постапувања.

Воедно беше посочена потреба владата активно да се ангажира за создавање на демократски амбиент за одржување на локалните избори, и за таа цел не се во полза политичките пресметки и хајки врз градоначалниците, негативната реторика која не придонесува кон градење на доверба кон целокупниот процес. Беше изразена силна загриженост од првичните обиди да се заплашуваат гласачи и да се поткупува гласот од страна на Сдсм. Се побара да се создадат сите услови за фер и демократски избори.