Македонија
18. February 2021 - 12:05

Средба на Груби, Царовска и Адеми за концептот на реформи во образованието и за Законот за учебници

 Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска одржа работен состанок со министерката за образование и наука Мила Царовска и поранешниот министер и пратеник Арбер Адеми, на кој било разговарано за концептот на реформи во образованието и за Законот за учебници за основно и средно образование.

Како што информира Кабинетот на Груби, тројцата соговорници се согласиле дека во согласност со Законот за учебници за основно и средно образование, сите неправилности и неправди во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи веднаш од учебникот по географија за втора година средно образование.

Груби, Царовска и Адеми, исто така, се договориле дека во случај, со учебникот по географија за втора година средно, како и со другите учебници, ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебници.

– Овој дел од законот наведува дека учебниците се повлекуваат од употреба доколку содржат материјали што ја навредува историјата, културата и вредностите на сите граѓани на Република Македонија, објаснуваат од Кабинетот на првиот вицепремиер.

Оттаму информираат дека на работниот состанок било договорено во периодот што следува да бидат разгледани сите учебници со цел да се стави крај на недоследностите во овие учебници.

– На крајот на овој состанок, Груби, Царовска и Адеми се согласија заеднички да ги поддржат реформите во образованието, оценувајќи го оваа една од најпотребните реформи за Република Македонија, истакнуваат од кабинетот на Груби.