Средба на градоначалникот на Ѓорче Петров со црногорскиот амбасадор во Македонија
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски оствари средба со Амбасадорот на Црна Гора во Македонија Предраг Мировиќ.
Средбата, како што соопшти општина Ѓорче Петров, е остварена по покана на амбасадотот Митровиќ, а со цел да се сублимираат договорите од предходните средби на кои се потегна иницијатива за збратимување на скопската општина Ѓорче Петров со некоја општина во Црна Гора.
Градоначалникот Митровски оставил писмо за намера на амбасадорот Митровиќ во кое се наведени целите и намерите за збратимување, како продлабочување на стопанскиот, културен и образовен план со една од трите предложени општини во Црна Гора.
Од одговорите на општините ќе зависи и темпото на збратимување со една од нив. На средбата присуствувал и Советникот за економски и културни прашања во амбасадата Татјана Перовиќ Митрова.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите