Македонија
23. October 2018 - 18:47

Средба на директорот на БЈБ Тасевски со претставници на словенечката полиција

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска во Љубљана оствари работна средба со генералната директорка на словенечката полиција Татјана Бобнар.

Како што соопшти МВР,  на средбата биле потенцирани одличните односи меѓу полициите на двете земји, особено поддршката што словенечката полиција и ја дава на македонската полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент словенечки полицајци на македонско-грчката граница, заедно со уште неколку контингенти од други пријателски земји.

-Двајцата соговорници потенцираа дека одличните односи и соработка и во иднина ќе се надградуваат. Директорот Тасевски се сретна и со 30 полицајци од словенечкиот контингент кои во наредната ротација ќе дојдат во Република Македонија, информира Министерството за внатрешни работи.