Македонија
4. September 2017 - 21:55

Средба на Димитров со Могерини

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во ракмите на Бледскиот стратешки форум остварил средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата соговорниците разговарале за европските приоритети на Македонија.

-Во регионот не треба да се плашиме да разговараме отворено за минатото, но не смееме да се дефокусираме од дискусијата за иднината, затоа што и иднината и вредностите што ги споделуваме се европски", истакнал Димитров по разговорите со еврокомесарот за мобилност и транспорт Виолета Булц и министерот за надворешни работи на Романија Теодор Малескану, 

На Форумот во Блед, шефот на македонската дипломатија раговарал и со министерот за Европа на Франција Натали Лузеау како и со министрите за надворешни работи на Малта и Унгарија, Кармело Абела и Петер Сијарто, при што заеднички било констатирано дека за иднината на Балканот исклучително важни се и реформите и европската перспектива да бидат реални и кредибилни.

Според Димитров непредвидливоста која ја обременува Европа и светот е сигнал дека Македонија во регионот мора да ги забрза европските интегративни процеси.