Македонија
27. October 2016 - 16:10

Средба на делегација на ВМРО-ДПМНЕ со лордови и пратеници во Лондон

Интензивни средби на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и партиската делегација со британски политичари, парламентарци и лордови. Владеачката партија на средбите ги презентирала реформите во економијата и политичката сфера, како и актуелните политички состојби во Македонија. Партиската делегација на ВМРО ДПМНЕ предводена од Груевски добиле силна поддршка и од претставниците на британскиот парламент, како и од членовите на домот на лордовите
 
Претставницте на домот на лордовите, особено биле имресионирани од економските резултати на Македонија во изминативе години под водство на ВМРО ДПМНЕ.
 
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се сретна со Дејвид Лидингтон кој е актуелен лидер на Долниот Дом на Британскиот Парламент, и е доскорешен британски државен министер за Европа.
 
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, кој заедно со партиска делегација е во неколкудневна посета на Велика Британија, претходно во Лондон имал средби и со претседателот на владејачката и најголема партија во Велика Британија, Конзервативна партија Патрик Меклоглин и потпретседателот на Конзервативната партија Марк Филд.