Средба на членовите на ДИК со Дескоска, ДЗР и ДКСК: Во фокусот финансирањето на политичките партии
Финансирањето на политичката кампања, согласно новите измени на Изборниот законик биле едно од главнмите прашања на состанокот што членовите на Државната изборна комисија го одржале вчера со министерката за правда Рената Дескоска, претставници на Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Според соопштението на ДИК објавено на нивната веб-страна, на состанокот било утврдено дека за истото прашање ќе се одржи нова работна средба, на која ќе биде потребно да присуствуваат и претставници од Министерството за финансии.
-Имајќи предвид дека се донесени изменувања и дополнувања на Изборниот законик, целта на овој состанок беше да се изнајде начин за да се одговори најдобро на новите предизвици кои произлегуваат и со кои ќе се соочуваат во текот на спроведувањето на Предвремените парламентарни избори 2020 година, се наведува во соопштението од ДИК.
По однос на сите прашања и активности за спроведување на изборниот циклус, ДИК на работниот состанок им укажала на присутните дека им стои на располагање и соработка во рамките на својата надлежност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица