Македонија
18. April 2016 - 15:37

Средба на Ахмети со холандскиот амбасадор Пломп

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Холандија во Македонија, Воутер Пломп.
 
Политичката криза во земјата и можностите за надминување на сериозната политичка ситуација, била темата на која разговарале Ахмети и Пломп, соопшти ДУИ.
 
Ахмети повторил дека одлуката на Иванов е неприфатлива и треба веднаш да се повлече.
 
ДУИ, потенцирал Ахмети, останува посветена на спроведувањето на договорот од Скопје, и смета дека оваа ситуација може да се реши само преку волјата на граѓаните изразена на слободни, демократски и веродостојни избори.
 
- Земјата се соочува со тешки денови и тоа е одговорност на сите политички партии да се посветат за ставање крај на оваа криза која влијае на секојдневниот живот на граѓаните и евро-атлантските аспирации на земјата, рече лидерот на ДУИ, стои меѓу другото во партиското соопштение