Средба на Ахмети со францускиот амбасадор Тимоние
За ДУИ, стабилноста на земјата е многу важна наспроти локалните, регионалните но и глобалните предизвици. Одлуката на ДУИ треба да создаде стабилност, безбедност, издржливост како и да биде во партнерство со меѓународната заедница, бидејќи имаме заеднички интереси и цели, интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.
Ова го истакнал лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние со кого размениле мислења за политичката ситуација во земјата по изборите на 11 декември.
Како што соопшти партијата, Ахмети се осврнал на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ откривајќи ги партиските приоритети за заокружување на Охридскиот договор, владеење на правото, добрососедски односи, економски развој и евроатланска интеграција.
Тој го запознал амбасадорот Тимомине дека партијата не се брза, но сака да се осигури, дека очекувањата на граѓаните ќе се исполнат, заедно со разгледувањето и расветлување на, како што се наведува, оспорените случаи како Монструм, Сопот, Куманово, и прислушкувањата.
- За ова, во ДУИ има многу отворена дебата, аргументирана и конструктивна, вклучувајќи ги и претставниците на граѓанското и академско општество, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела