Македонија
14. November 2017 - 19:31

Средба на Ахмети со британскиот амбасадор

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г.Али Ахмети денес во седиштето на ДУИ во Тетово се сретна со Британскиот Амбасадор во Македонија г.Чарлс Гарет.
 
Г.Ахмети и Амбасадорот Гарет разговараа околу политичката ситуација, систематските реформи и Евроатлантските интеграции.
 
Претседателот Ахмети ги повтори приоритетните определби на ДУИ во ова парламентарно мнозинство, каде спаѓаат системските реформи, особено владеењето на правото, добрососедство, интеграцијата во НАТО и отворање на разговорите за членство во Европската Унија.
 
ДУИ особено е посветена за судските реформи и реформите на безбедносниот систем, со што се истакна дека по локалните избори, сите наши енергии ќе се фокусираат на исполнувањето на обврските пред нас.
 
Г.Ахмети и амбасадорот Гарет исто така, разговараа и за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, додека Ахмети се изрази поттикнат од унапредувањето на дијалогот со Атина и Софија што претставува предуслов за деблокирање на интегративниот процес на нашата земја.