Балкан
17. March 2016 - 15:19

Средба Могерини-Мустафа во Брисел

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини разговараше денеска во Брисел со косовскиот премиер Иса Мустафа, изразувајќи надеж дека политичкиот дијалог ќе помогне за надминување на прекинот во работата на косовскиот Парламент.

Могерини и Мустафа оценија дека е постигнат напредок во последната една година во односите меѓу ЕУ и Косово, а високата претставничка го истакна и значењето на склучувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Таа ја потврди подготвеноста на ЕУ да продолжи со либерализација на визниот режим за Косово штом ќе бидат исполнети останатите услови.