Македонија
14. February 2018 - 16:20

Средба Мицкоски - Вучиќ во Белград

Интензивирање на соработката меѓу двете земји, добрососедските односи, како и размената на искуствата во евроинтегративните процеси, ова беа главните теми за кои во Белград разговараа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и српскиот престедател Александар Вучик. Двајцата соговорници се согласиле дека Македоинија и Србија споделуваат заеднички вредности и дека иднината на регионот треба да биде во рацете на прогресивни политичари кои умеат да ги заштитат државните интереси и да придонесат за градење интегрирани општества.
 
Мицкоски посочил дека демократијата во Македонија е во застој и дека врз опозицијата се спроведува политички терор. Тој  го информирал  српскиот престедател  дека со наметнување на темите како што е законот за јазици и немањето на економски концепт, земјата се одалечува од своите стратешки интереси , членството во Еу и во НАТО.
 
Ова е трета средба од балканската турнеа на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно тој се сретна со хрватскиот премиер  Пленковиќ , какои  поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша.