Средба Меркел-Трамп во Вашингтон
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Вашингтон треба да ја има првата средба со американскиот претседател Доналд Трамп, чие доаѓање на чело на Белата куќа предизвика вознемиреност околу иднината на трансатлантските односи, јави „Дојче Веле“.
Средбата на Трамп и Меркел првично требаше да се одржи во средата, но беше одложена поради невремето над источниот брег на САД.
Според „Дојче Веле“ ова ќе биде средба на два типа на политичари, бидејќи за разлика од Меркел, чиј стил може да се опише како мирен и избалансиран, Трамп настапува има склоност, најчесто преку Твитер, брзо и агресивно да се изјасни за некои теми, сеедно дали се политички иле не.
Шефот на берлинската канцеларија на Европскиот совет за меѓународни односи (ЕЦФР), Јозеф Јанинг оценува дека „со оглед на американската политика, односите (меѓу Берлин и Вашингтон) никогаш не биле посложени од сега“.
- Ангела Меркел мора да најде целосно нов пат со цел да изгради функционални односи со американскиот претседател, смета Џон Херпер, експерт за надворешна политика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Болоња.
Херпер вели дека Трамп има „целосно поразлична природа“ од неговите претходници Барак Обама и Џорџ Буш, но за разлика од нив „нема политичко искуство“.
Поради вербалните испади меѓу Трамп и Меркел, односно меѓу нивните поддржувачи, ниту Јанинг, ниту Херпер не очекуваат првиот состанок да донесе позитивни резултати.
Подготовките за самитот на Г-20, што Меркел го организира во јули во Хамбург, е официјалниот повод за посетата на германската канцеларка во Белата куќа, но се очекува една од главните теми на разгооврите да биде и иднината на Европската унија.
- Во најмала рака се надевам дека Меркел ќе успее да го одврати Трамп од нападите врз ЕУ, посочува Харпер.
Кога станува збор за Русија, Меркел треба да му објасни на Трамп дека јасната посветеност на заедничките принципи и европското повоено уредување се основа за вклучување на Москва
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово