Балкан
1. јуни 2016 - 20:25

Средба меѓу Србија, Црна Гора и БиХ која имала трилатерален карактер

На иницијатива на министерството за надворешна трговија и економски односи при Федералната Влада на Босна и Херцеговина во Вишеград, се одржа трилатерална министерска средба со колегите од Србија и Црна Гора. Целта на состанокот е разгледување на постигнатите резултати од проектот „Управување со цврст отпад во прекуграничните рурални и крајбрежни области во ЈИ Европа“, конкретно за регионот по течението на реката Дрина. Договорено е формирање на работна група која ќе има задача да го состави текстот за договорот за взаемна соработка кој ќе ги дефинира моделите, начинот, обликот на соработката и финансирањето и кој ќе го потпишат трите земји.

Да формираме едно посебно работно тело кое на Владите на трите држави ќе им предложи еден документ за разбирање, кој би водел кон институционализација на ова прашање. На овој начин би можеле да привлечеме поголемо внимание на Владите на трите држави, но и на еден регионален пристап, затоа што реката Дрина со своите потенцијали тоа и го заслужува-изјави Мирко Шаровиќ, Министер за надворешна трговија и економски односи, федерација БиХ

- Крајната цел ни е на крајот да се формира комисија за реката Дрина која ќе работи по углед на „Савската комисија“, а која ќе има задача да се грижи за зачувување на Дрина, за зачувување на животната средина во овој регион.-изјави Снежана Богосавлјевиќ Бошковиќ, Министер за земјоделие и заштита на животната средина, Србија

Реката Дрина со своите притоки е хидро- енергетски и туристички потенцијал, а нејзиното крајбрежје е идеално за развој на замјоделието и производство на органска храна. Затоа цврстиот отпад кој се акумулира долж нејзиното течение и завршува во речното корито, а од таму и во хидроцентралите, претставува најголема опасност за развој на овие стопански гранки.

- Значи не може ниту земјоделието, ниту туризмот, ниту проектираниот економски развој да тргне напред, доколку не се обезбедат предуслови, а тоа пред се е исчистена животна средина од диви депонии, пловечки отпад итн.-изјави Бобан Илиќ, Генрален секретар, Постојана работна група за регионален рурален развој во ЈИЕ.

Од тие причини регионаланата соработка е од круцијална важност за решавање на овој заеднички горлив проблем.

- Никој од нас сам, нема доволно ниту снага, што би се рекло, да добие, односно немаме ниту проекти, ниту финансиски средства, да можеме сами да реализираме. Здружени, заедно, кога повеќе земји аплицираат за реализација на некој проект, многу е извесно дека тие средства ќе ги добиеме. Во тој поглед, мораме со заеднички сили да ја интензивираме соработката во областа на заштитата на животната средина и заштита на сливот на р. Дрина. Едноставно повеќе не е прашање дали ние сакаме или не сакаме, туку ние мораме да го сработиме. Некој мора, а ние тоа мора да го сработиме.-изјави Александар Весиќ, Помошник Министер за земјоделие и заштита на животната средина, Србија

Релевантните преставници од пилот општините од 7-те земји од Западен Балкан од трите региони, Дрина-Тара-Сава, Шарскиот и крајбрежјето на јадранското приморје, во рамки на проектот за управување со цврстиот отпад ќе потпишат меморандум за соработка на финалната конференција која ќе се одржи на 21 и 22 јуни во Струга.