Свет
8. December 2017 - 9:29

Средба меѓу Лавров и Климкин во Виена

Министерите за надворешни работи на Русија и Украина Сергеј Лавров и Павло Климкин по подолго време одржаа билатерална средба на маргините на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Виена.

Шефот на украинската дипломатија по состанокот на Твитер напиша дека со Лавров разговарале за размена на затвореници.

- Тоа мораме да го реализираме во наредните недели затоа што се работи за луѓе и нивните најмили, напиша Климкин.

Состанокот меѓу министрите беше одржан зад затворени врати. Пред средбата, министрите се среќаваа само во рамките на „нормандискиот формат“. Последните такви преговори се одржани пред три години пред заострувањето на ситуацијата во Украина.