Балкан
18. November 2016 - 8:39

Средба меѓу грчкиот и египетскиот министер за надворешни работи

Подготовката на следниот министерски самит на ЕУ-Арапска лига, како и други прашања од билатерален интерес биле во фокусот на средбата во Каиро меѓу грчкиот и египетскиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас и Самех Шукру.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, двајцата министри го истакнале напредокот во трилатералната соработка меѓу Грција, Египет и Кипар и разговарале за случувањата во Сирија, Либија, Либан и Јемен, како и за односите меѓу Европската унија и Египет.