Балкан
3. March 2017 - 10:43

Средба меѓу грчкиот и албанскиот министер за надворешни работи

Грчко-албанските односи беа главна тема на разовор на вчерашната средба во Атина меѓу грчкиот и албанскиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас и Дитмир Бушати.

Дипломатски извори за грчката државна агенција АНА-МПА изјавиле дека двајцата министри се фокусирале на создавање комисии кои ќе дискутираат за одделни прашања што ги засегаат двете земји. Комисиите кои без создадени во јуни минатата година, досега разговарале за воени гробишта, учебници и конзуларни прашања.

Коѕиас и Бушати, исто така, разговарале за соработка во областа на енергетиката, односно напредокот во изградбата на Трансјадранскиот гасовод (ТАП), како и за ситуацијата на Балканот пошироко.