Македонија
22. May 2022 - 16:36

Средба Ковачевски-Петков утре во Рим, ветото ја потресе владината коалиција во Софија

Скопје и Софија во очекување на средбата Петков-Ковачевски во Рим. Во бугарската јавност, но и во владината коалиција тензично се гледа на овој состанок и што би можело да произлезе  од него.  Во софиските медиуми претходно излегоа непотврдени информаци  дека двајцата премиери на средбата во Италија ке објават дека е направен напредок во разговорите кој  би водел кон укинување на ветото.Но, од коалициониот партнер  на Петков,  Има таков народ , порачуваат дека се уште нема услови за такво нешто и дека нема да дозволат пазар со правата на Бугарите во Македонија.

Посмирувачки тонови доагаат од партијата на Петков од каде посоочуваат дека на   интеграцијата на Македонија и Албанија  во ЕУ треба да се гледа во пошироката геополитичка слика и како тоа ке влијае врз стабилноста на регионот и бугарските граници. Оттаму бараат престедателот Радев  веднаш да го свика Советот за безбедност за да се консолидираат ставовите за македонија.

Во мегувреме, бугарскиот владин Кабинет во последен момент и официјално потврди делегациите на Скопје и Софија сепак ке се сретнат во Рим, по официјалниот дел од програмата во Ватикан.  Петков ке го придружуваат министерката за надворешни работи, престедателот на  БАН и министерот за наука и образование, во составот на амкедонската  делегација делегација предводена од премиерот Ковачевски ке бидат преставници на МВР и МНР.