Македонија
24. јуни 2017 - 17:17

Средба Иванов-Вучиќ: Отворените прашања треба да се решаваат со дијалог

Македонско српските прашања да не се политизираат и да се решаваат заеднички преку дијалог согласни двајцата претседатели Иванов и Вучиќ кои остварија билатерална средба во Белград. Не смее да се дозволи тие прашања да влијаат на односите на двете држави, порачал претседателот Иванов, потенцирајќи дека како соседи што и да се случи мора да создаваме добри практики за идните поколенија. 

Ицанов и Вучиќ разговарале и за можностите да се продлабочат економската и трговската соработка. На прашањето дали на оваа средба станало збор за промовирање на идејата за заеднички регионален пазар, Иванов одговори дека тоа е во интерес на целиот регион и се надева како што претседателите на самитот Брдо Бриони разговараат за зближување и отворање на просторот, така и премиерите од регионот на нивната идна средба во Трст треба да изнајдат решение за реализација на оваа иницијатива.  Оваа билетарна средба следеше по вчерашната инагурација на српскиот претседател која се одржи во Палата Србија на која присуствуваше македонска делегација.

Двајцата претседатели зборувале и за прашања од доменот на културата кои мора да се регулираат со одбележување на настани како што е примерот со 70 годишниуната од доаѓањето на македонците во Србија . На тој начин се зближуваа граѓаните. Политичкиот дијалог се очекува да продолжи со посета на претседателот Вучиќ на Македонија. Претходно Иванов оствари неформална средба и со претходнот српски  претседател Томислав Николиќ.