Македонија
6. July 2015 - 16:53

Средба Иванов-Грабар Китановиќ, Хрватска силен поддржувач на македонските евро-атлански интеграции

Хрватска испрати порака до ЕУ и НАТО дека Македонија е подготвена и цврсто определена за евроинтеграција
 
Македонија е подготвена и цврсто определена за евроатланска интеграција. Ваква порака до ЕУ и Нато испрати претседателката на Хрватска Колинда Грабар Ќитаровиќ по официјалната средба со шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов.
 
Китаровиќ истакна дека  Хрватска во целост ја подржува Македонија на овој пат, а нејзината  државата ќе и помогне на земјава со  споделување на  стекнатите искуствата.
 
Грабар Китаровиќ истакна дека се плаши  состојбата во Грција дополнително ќе влијае врз расположението на европските граѓани и на проширувањето.  Претеседателот Ѓорѓе Иванов изрази надеж дека ситуацијата  кај нашиот јужен сосед ќе се стабилизира,а македонија ги презела сите мерки да ги заштити банките.
 
-Народната банка е подготвена и ги има сите можни сценарија како да се справи со предизвиците од последните случувања во Грција. Веќе дел од тие мерки се преземени и непостои никаква опасност да загрозат банките во Македонијa, кои се заштитени, изјави претседателот Иванов.
 
На средбата во претседателската вила Пантофчак двајцата шефови на држави разговараа и за проблемот со мигрантите. 
 
Грабар Китаровиќ потенцираше дека треба да се води сметка да не се прати погрешна порака, да се биде хуман, но истовремено и да се се биде претпазлив кон сопствените граѓани.
 
Претседателката на Хрватска ја пофали македонската економија, и изрази надеж за продлабочување на соработката.