Македонија
22. јуни 2017 - 13:56

Средба Груби - Жбогар во Собранието

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, денесја во Совранието се сртена со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Претеникот Груби и евроамбасадорот Жбогар разговараа околу реформските предизвици за Македонија во согласност со очекувањата на Брисел, ЕУ и НАТО, предизвиците на Комисијата за европски прашања во врска со амбициозната динамика на новата реформска агенда заедно со посветеноста за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, информира собраниската прес-служба.

Груби го запозна Жбогар за приоритетите на Комисијата која тој ја води во Собранието и која исто така, опфаќа и голем број на јавни дебати за сите реформски прашања со вклучување на сите пратеници, граѓанското општество, медиумите, меѓународната заедница.

Груби ја изрази својата посветеност заедно со другите пратеници, граѓанското општество и Владата одговорно да се посветат на спроведувањето на реформите.

Владеењето на правото, рамноправност меѓу граѓаните во согласност со Охридскиот договор, итна евро-атлантска интеграција, како и социјалната благосостојба се столб на новото мнозинство на реформи.

Претеникот Груби нагласи дека е во очекување на усвојувањето на Патоказот од страна на Владата како и ја потенцира потребата за усвојување на една сеопфатна Резолуција од страна на Собранието за поддршка на реформите и интеграцијата во Европската Унија, соопшти собраниската прес-служба.