Средба Груби - Вајгл во Европскиот парламент
Известителот за Македонија во ЕП Иво Вајгл на средбата со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби, во врска со подготовката на годишната Резолуција за напредокот на Македонија, во Комисијата за надворешна политика (АФЕТ) истакнал дека ќе биде афирмативен, но дека е потребен и политички, граѓански и етнички консензус за заедничко делување во спроведувањето на ЕУ реформите.
Според соопштението од Комисијата за европски прашања, како приоритетни Вајгл ги посочил судските реформи и реформите од корпусот на владеењето на правото.
Со средбата со европратеникот Вајгл, пратеникот Груби на заврши посетата на Брисел. Во соопштението се информира дека тројката европратеници, како што стои, ја прифатиле поканата на Груби да учествуваат на регионалната конференција организирана од Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија во февруари следната година.
На средбите Груби истакнал дека Македонија ја цени досегашната поддршка на ЕУ на политички и на економски план, но во духот на новите позитивни процеси кои најавуваат оптимистични прогнози за забрзана интеграција на земјите од регионот, побара да се валоризираат напорите на Скопје за реализирање на бараните реформи со тргнување на условената препорака и добивање на датум за преговори за прием во ЕУ.
- Парламентарното мнозинство, но и граѓаните на Македонија, со посветеност работат на исполнување на очекувањата од Брисел, и очекуваме дека и пријателите од Европската унија догодина ќе испорачаат во согласност со нашите стремежи, рекол Груби, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица