Македонија
29. September 2017 - 13:58

Средба Џафери - Давутоглу

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со поранешниот претседател на 62, 63 и 64-та Влада на Република Турција и пратеник од Конја, Ахмет Давутоглу.

Како што соопштија од собраниската служба за информирање, од двете страни било изразено огромно задоволство од севкупните македонско-турски политички односи кои, како што посочиле, се на највисоко моќно ниво и се во духот на традиционалното пријателство, меѓусебното разбирање, толеранција и активна соработка.

Соговорниците нагласиле дека веќе воспоставените и интензивни односи отвораат простор за уште поинтензивна економска соработка. Република Турција е значаен трговски партнер на Република Македонија, а соработката меѓу двете земји на сите полиња е исто така успешна, окарактеризирана со позитивен тренд и континуитет.

Соговорниците се согласиле дека покрај цврстото пријателство и плодната соработка, двете земји ги поврзуваат тесни историски и културни врски и оти дополнително, добрите и пријателски односи меѓу двете земји се пресликани и во плодната парламентарна соработка, на билатерално ниво, меѓу Собранието на Република Македонија и Големото национално собрание на Република Турција, но и на мултилатерално ниво, во рамките на меѓународните парламентарни собранија.

На средбата била изразена благодарност за доследната и конструктивна поддршка на Турција и за солидарноста со Македонија во рамките на евроатланските интеграции.

- Осврнувајќи се за нашата стратегиска определба, Џафери нагласи дека особено е важна отворената и силна поддршка на Република Турција за интеграција на Република Македонија во НАТО, како и принципиелните ставови на Република Турција во однос на употребата на уставното име на нашата земја, се вели во соопштението од македонското Собрание.

Соговорниците изразиле и надеж дека добрата соработка меѓу двете земји ќе продолжи и понатаму.