-->
-->
Средба Џафери - Бушати: Успешен референдум за полноправно членство во НАТО
-->
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска го прими Дитмир Бушати, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.
Како што соопшти собраниското Одделение за односи со јавноста, Џафери истакнал дека ваквите средби на високо ниво се од особено значење за развојот на односите меѓу двете пријателски и соседни земји и оти Република Македонија високо ја цени поддршката што Република Албанија ја дава во насока на интегрирањето на нашата земја во евроатлантските структури.
- Секако, на овој план, двете земји треба заеднички да се поддржуваат и помагаат, ако се има предвид дека целта на целиот регион е да стане дел од големото европско семејство, стои во соопштението.
Џафери и Бушати заеднички констатирале дека двата Парламента треба да ја зајакнат соработката на ниво на групите за соработка, комисиите и собраниските служби. Посебен акцент бил ставен и на меѓувладината соработка.
Министерот Бушати изразил верба во успешна реализација на претстојниот референдум во Република Македонија со кој ќе се заокружи уште една фаза во надминување на последната пречка за полноправно членство во НАТО.
На средбата биле споменати многу области во кои двете соседни земји споделуваат заеднички интереси од големо значење, како што се проектите коишто се во завршна фаза, односно изградбата на патот Ќафасан - Елбасан, како дел од Коридорот 8, Автопатот Елбасан – Дебар и железничкото поврзување меѓу двете земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет