Македонија
30. August 2017 - 18:05

Средба Дураки-Хамер: Швајцарија и Македонија ја прошируваат соработката

 Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска имаше средба со Клиф Хамер, регионален советник за инфраструктура и животна средина при швајцарската амбасада на која станало збор за проширување на соработката преку финансирање нови проекти. 

На средбата, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, биле разменети информации за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина.

- Во разговорите акцент беше ставен на заедничките проекти за заштита на природата и водите кои во изминативе години успешно се реализираа и донесоа видливи резултати. Разговорите се водеа и во насока на проширување на соработката преку финансирање на нови проекти од страна на Швајцарската Конфедерација, како и соработка на други полиња поврзани со заштитата на животната средина, се наведува во соопштението.