Средба Димитров - Сејлс на Самитот на НАТО во Брисел
Шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој е дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на Самитот на НАТО во Брисел, денеска оствари билатерална средба со Координаторот во Стејт Департментот на САД за борба против тероризмот, Натан Сејлс.
Како што соопшти МНР, на средбата двајцата меѓусебно се информирале за меѓународните активности и поддршката која Република Македонија ја дава на Глобалната коалиција за борба против тероризмот.
- Во оваа прилика министерот Димитров, информираше за преземените национални активности во подготовката на општеството за справување со овие предизвици, акцентирајќи ја, пред се, важноста за превенција од ваквите закани, водејќи притоа посебна грижа за младите луѓе како најранлива категорија во општеството, преку активно вклучување на граѓанскиот сектор, невладините организации, како и едукативно-образовните институции во државата, стои во соопштението.
На покана на организаторите, Димитров ќе учествува и на настанот што ќе се одржи во седиштето на Алијансата „НАТО Engages” – Дијалог од Бриселскиот самит, во организација на Атлантскиот совет и Германскиот Маршалов Фонд на САД, Минхенската безбедносна конференција, како и Бриселската фондација „Жените во меѓународната безбедност“, каде излагање ќе има и премиерот Заев.
Фокусот на излагањата и дискусиите на настанот ќе бидат посветени на повеќе актуелни теми од глобалните политички и безбедносни соработки, новите безбедносни предизвици и улогата и активностите на Алијансата во тие процеси, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми