Македонија
22. August 2018 - 16:09

Средба Димитров- Помпео: Силна поддршка од САД за членство во НАТО

Како многу охрабрувачка министерот Димнитров ја оцени средбата со државниот секретар на САД, Мајк Помпео. Во стејт департментот, шефот на македоснката дипломатија, ја добил поддршката за договорот од Преспа кој ги отвора вратите за полноправно члество во алијансата и ветување дека САД остануваат партнер и поддржувач на Македонија.  Успехот на една земја од регионот ќе влијае охрабрувачки и на останатите, а како што ветил Димитров Македонија ќе ги вложи напорите за создавање регион со заедничка европска иднина во кој границите нема да бидат важни.

Министерот Димитров имаше средба и со помошникот државен секретра Вес Мичел, од кого ја добил поддршката за имплементација на договорот со Грција и завршување на интегративниот процес во НАТО.

При посетата на Вашингтон, Никола Димитров имаше средби и со неколку сенатори, професори, активисти и поддржувачи на Македонија, а од сите нив била потврдена поддршката и партнерството помеѓу двете земји.