Македонија
13. November 2017 - 12:34

Средба Димитров-Коѕијас во Брисел

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска ќе имаат билатерална средба на маргините од состанокот министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел.

Средбата Димитров - Коѕијас во Брисел ја потврдија и македонското и грчкото МНР. 

Се очекува да стане збор за продолжувањето на разговорите за решавање на прашањето за името најавено за крајот на месецот, како и за мерките за градење доверба меѓу двете земји. 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас викендот пред заминувањето во Брисел изјави дека Грција сака да се реши прашањето за името и оти тоа јасно им го става на знаење на своите партнери во ЕУ и на Вашингтон. 

Тој претходно изјави и дека очекува прашањето за името да биде затворено во првата половина во 2018 година. 

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и премиерот Зоран Заев, пак, минатата недела истакнаа дека во Македонија има политичка волја за решавање на спорот, оти треба да се направи исчекор и да се искористи позитивната клима во односите со Грција.

Потврдија дека разговорите за прашањето со името ќе продолжат кон крајот на месецов.