Македонија
6. December 2016 - 17:28

Средба ДИК со премиерот за спроведување на изборите

Подготовките за предвремените парламентарни избори на 11 декември се пред крај, велат извори во Комисијата кои присуствуваа на денешната средба во Владата со премиерот Емил Димитриев и министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Никола Поповски. Изводите од Избирачкиот список се готови, испечатени се гласачките ливчиња, а исто така и сликите кои ќе стојат во избирачкиот список а кои за првпат се воведуваат на овие избори за намалување на злоупотребата при гласањето. Изборните паравани веќе се делат, а во петок наутро гласачките ливчиња и избирачкиот список ќе бидат однесени на гласачките места. На околу 20­тина избирачки места немаат услови за чување на изборниот материјал но од ДИк велат дека ќе најдат решение и за тоа. Утре во просториите на Комисијата е ден за гласање за членовите на избирачките одбори кои треба да патуваат во Дипломатско конзуларните претставништва.