Македонија
28. July 2020 - 21:24

Средба Ахмети – Касами - разговарале за евроатланскиот пат и реформите во правосудството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретнал со лидерот на БЕСА Биљал Касами на која разговарале за изборите од 15 јули,но и за идна соработката. Како што објави Ахмети на Фејсбук средбата била конструктивна, а следувала поминатонеделниот телфонски разговор меѓу двајцата лидери.

„Заеднички изразивме задоволство од завршувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули и ги поздравивме оценките на меѓународната заедница и особено на ОБСЕ/ОДИХР“. За време на конструктивната средба, се согласивме да ги продолжиме нашите напори на евроатлантскиот пат на земјата, како и за долгоочекуваните реформи насочени кон владеењето на правото, преку отворен и континуиран дијалог“, пишува Ахмети на Фејсбук.

Лидерот на ДУИ веднаш по изборите најави дека телефонски ќе разговара со останатите албански лидери за постигнување на заедничка албанска платформа. Од друга страна, БЕСА освои 4 пратенички мандати, но во коалиција со СДСМ. Неизвесно е дали средбата Ахмети – Касами е отворен канал на комуникација меѓу Заев и Ахмети за идно формирање на Влада имајќи предвид дека 46те пратеници на Коалицијата СДСМ - БЕСА и 15те на Ахмети се  доволни за парламентарно мнозинство.

Во меѓувреме денеска продлжија и превирањата меѓу ДУИ и колицијата на Алијанса и Алтернатива бидејки и Села и Гаши претендираат да бидат дел од Владата, но неизвесно е дали за тоа разговараат со Заев или пак, со ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, конститутивната седница на Собранието од која зависат и роковите за формирање на Влада се позивесно е дека ќе се одржи на 5ти август со самосвикување од народните избраници. Досегашниот собраниски спикер има рок до 4ти август да ја свика седницата, но тој е на лекување во Инфективната клиника иако од неговиот кабиент велат дека неговите тестови на коронавирус се негативни.

„Здравствената состојба на претседателот на Собранието г-дин Талат Џафери е стабилна. Со оглед на интензивните активности што ги имаше во текот на изборната кампања, по препорака на лекарите неопходен му е одмор и мирување“, велат од кабиентот на Џафери.

Од таму неофцијално велат дека се е подготвено за седницата и дека ќе се испочитуваат сите рокови. Поради здравствените протколи седницата, наместо во салата Македонија“  ќе се одржи во големата купола