Спорт плус
7. October 2022 - 20:04

Сребро за Узеир на младинскиот мундијал во Италија

 
Само сребрен медал за македонскиот репрезентативец Нелсон Узер на Светското кик бокс првенство за деца, кадети и јуниори во Лидо Диесело, Италија, отако во финалето загуби 0-3 од турскиот кикбоксер Самед Агдеве.
Со ова  Македонија освои две одличја на СП откако со о бронза се закити Јадранка Темелкова.
Инаку во Италија македонската селекција имаше  поддршка од нашиот конзул  во Италија Стојан Витанов, кој во живо го следеше настапот на Узиер а потоа оствари и средба со претседателот на Светската федерација Рој Бејкер и со претседателот на италијанската репрезентација и организаторот на првенството Донато Милано кои позитивно се изразија за македонскиот кик бокс и развојот на овој спорт во нашата држава.