Сребрен медал за македонскиот пронајдок „Производство на едноставен антипенливец“ во Сеул
Пронајдокот „Производство на едноставен антипенливец” од иноваторите Филимена Карафиљковска и Виолета Солакова, професорки од СУГС „Марија Кири Сколодовска“, доби сребрен медал на Меѓународна изложба на жени пронајдувачи „KIWIE 2017“ што се одржа во Сеул, Република Кореја.
Пронајдокот беше награден и со специјална награда и диплома од Институтот за патенти од Република Турција, златен медал со диплома од Тајландската асоцијација за промоција на пронајдоци и иновации, како и со диплома од Заводот за индустриска сопственост на Република Чешка.
На изложбата, во организација на Корејанската асоцијација на жени пронајдувачи – KWIA и со поддршка од Корејанскиот завод за интелектуална сопственост – KIPO и од Светската организација за интелектуална сопственост – WIPO, учествуваа жени - пронајдувачи од 23 земји со 79 пронајдоци.
Во рамките на програмата на изложбата бил одржан и Форум 2017, на кој било разгледано прашањето како да се обезбеди економски раст преку промовирањето на иновациите и била истакната важноста на влијанието на жените во креирање на своите бизниси заедно со заштитата на правата од интелектуална сопственост .
Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија на меѓународната изложба се претстави и со пронајдокот „Оригинална тераписка шема за тописки третман – локална апликација на вагинални таблети за лекување на инфекција со Human Papilloma Virus и лезии со низок малигнитет на вагината и грлото на матката кај жената во постменопауза (без менструален циклус)” од пронајдувачите Весна Антовска и Милка Трајанова, кој беше награден со највисоко престижната награда „SEMI-GRAND PRIX“.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок