Балкан
3. April 2017 - 9:27

Срчите на улицата говорат за трагедијата: Експлодираше боца, загинаа брат и сестра

Во експлозија на плинска боца која се случила вчера во Ниш, загинаа близначиња, брат и сестра, а петмина се повредени.

Српските медиуми денеска пренесуваат дека експлозијата се случила во стан на улицата "Милан Благојевиќ" во Ниш, и дека братот и сестрата биле на возраст од 18 години. 

До експлозијата дошло кога експлодирала плинска боца на приземјето. За големата трагедија говорат распрсканите срчи од пукнатите стакла на улицата.

Повеќе детали се најавени за подоцна.