Живот
13. November 2018 - 12:46

Срцепарателни глетки по најголемиот пожар во историјата на Калифорнија

Најмалку 42 лица го загубија животот во пожарите во Калифорнија, покажува новиот биланс кој утрово го соопштија службите во Америка, додавајќи дека станива збор за шумски пожар со најголем број на жртви во историјата на САД, пренесува Слободна Европа.
 
Уште 200 лица се водат за исчезнати а потрагата за нив се одвива отежнато.
 
Во некои делови штетата е толку голема што тешко е да се утврди дали има човечки жртви.
 
Пожарот уништил повеќе од 45.000 хектари и околу 6.453 згради.
 
Деили Меил објави фотографии од последиците на пожарот на животинскиот свет.