Живот
29. January 2019 - 14:16

Срце да ви пукне: Умреле држејќи се за рака: Биле во брак 70 години, а на крајот тој изговорил нешто што долго ќе се памети

Се запознале на забава и веднаш знаеле дека се судени еден за друг. По долгите години заеднички живот, Австралијанците Норма Џун Плател и Френсис Ернест починале во ист ден, а нивната ќерка јавно раскажала за  нивната неизмерна љубов, а приказната ја споделила за „Дејли Меил“
 
 Беше прекрасно сончево австралиско утро. Вратите на малата црква беа отворени. Внатре имаше две тела – едното на деведесетгодишната Норма Џун Плател, другото на нејзиниот деведесет и двегодишен сопруг, Френсис Ернест.
 
„Телото на татко ми беше од левата страна, а на мајка ми од десната. Така секогаш спиеја на креветот. Ако е возможно срцето да пукне од тага, моето се распадна истиот тој ден кога ги гледав заедно за последен пат, еден покрај друг, баш така како што беа во последните 70 години“, изјавила нивната ќерка, Аманда. Таа раскажала како нејзините родители живееле во старечки дом пред самиот крај. Таму не само што ја делеле истата соба, туку и креветите им биле толку блиску еден до друг, што секогаш се држеле за рака. Никогаш не сакале да се разделат.
 
Сепак на шести јануари, кратко пред полноќ, ситуацијата се влошила кога Норма почнала да дише чудно, а нејзиниот сопруг бил невообичено немирен. Тогаш ги посетила медицинската сестра, а по десетина минути и двајцата биле веќе мртви. Тие починале заедно, речиси во ист момент. Лекарите не можеле да утврдат чија смрт настапила прво.
 
За чудо, Норма живеела подолго од прогнозите на лекарите, бидејќи таа имала алцхајмерова болест во напредна фаза. Пред три години, лекарите прогнозирале дека таа нема да го доживее Божиќ, откако претходно ја изгубила способноста за говор.
 
Френсис се обидувал да ја задржи својата сопруга дома, но иако имал помош, веќе немал сила да се грижи за неа како што треба.
 
Норма завршила во дом, а тоа му го скршило срцето. Секој ден доаѓал во домот со такси, за да помине време со својата љубов. Ја хранел, и зборувал, ја држел за рака….Заедно гледале телевизија на малиот кауч во просторијата за дневен престој, каде таа му заспивала на рамото.
 
 
Наскоро, ниту тој не издржувал веќе да живее сам, па откако преживеал мозочен удар го сместиле во собата до Норма, а тој велел дека неговиот дом е таму каде што е и таа.
 
Нивната ќерка се сеќава како изгледал денот кога за последен пат ги видела живи:
 
„Влегов во собата и седнав покрај татко ми. Го фатив за рака. Ми рече дека сака да си оди дома. Не знам дали мислеше на тоа дека сака да се врати во семејниот дом, или да оди во рајот, а никогаш нема ни да дознаам. Сепак знам дека тој веќе беше уморен и сакаше да пронајде мир. Мајка ми лежеше во креветот покрај него и се смешкаше“.
 
Аманда вели дека кога нејзиниот татко доживеал удар и останал врзан за кревет, нејзината мајка иако можела да се движи, само лежела покрај него.
 
Кога тој одбивал храна, ниту таа не сакала да јаде. Нивната поврзаност била неверојатна.
 
„Татко ми секогаш сакаше да раскажува како се запознале. Тоа било на некоја игранка. Таа носела фустан во светло сина боја, а во косата имала свежо цвеќе. Си мислел дека гледа филмска ѕвезда. И мајка ми исто така ја прераскажуваше нејзината средба. Често знаеше да каже дека по таа игранка, брзала кон дома за да и каже на својата сестра дека го запознала момчето со коешто ќе се омажи“, додава Аманда.