Срце да ви препукне: Таткото со тукушто родениот син кој починал го расплака светот
Сликата на која скршен од болка таткото го држи малечкиот Никсон и плаче над него го расплака целиот свет.
Никсон Тонкин почина во болница по комплицираниот царски рез, при кој се здобил со повреда на главата, гушење и фатално крварење.
Само што го доби синот, Мартин беше принуден да го погребе својот син и да се соочи со болката која никој родител не би сакал да ја доживее.
Мартин Тонкин од Австралија е сликан како во прегратка го држи свето починато бебе и благо го допира по носот. Оваа трогателна глетка на многумина им ги насолзи очите.
Никсон требало да се роди со царски рез, меѓутоа доживеал фрактура на черепот додека бабицата се обидувала да го направи породувањето.
Откако тој јуни 2014 години го загубила синот, мајката Симон страдала од посттрауматски стрес и депресија.
Во меѓувреме, родителите добиле друго дете, но не кријат дека се уште не успеале да излезат на крај со тој немил настан што им се случи, пишува Мирор.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“