Тенис
3. August 2017 - 12:47

Србљак го заврши настапот на фјучрсот во Скопје


Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на фјучрсот во Скопје откако денеска загуби од петтиот носител Клаудио Фортуна од Италија со 2-0 во сетови. Првиот сет Фортуна го доби со 6:1 во гемови. На почетокот на вториот сет нашиот тенисер играше подобро и имаше водство со брејк остварен на стартот од сетот. Водството го имаше до 3:2, а потоа Фортуна направи серија од четири гема и го доби мечот.

Вториот македонски тенисер, кој ќе игра во 2.коло е Димитар Грабул. Тој попладнево од 17 часот ќе игра против третиот носител Нино Сердарушиќ, кој на првиот фјучрс беше финалист.
Попладнево настап во полуфиналето ќе и Томислав Јотовски во меч во конкуренција на двојки.