Србите пронајдоа маани на новите 10 и 50 денари | Сител Телевизија
Бизнис
22. May 2018 - 10:41

Србите пронајдоа маани на новите 10 и 50 денари

Македонците ги заменија хартиените банкноти со пластични: дали и српскиот динар го чека истата судбина – е насловот на статијата која во понеделникот беше објавена во српски Телеграф.

Само неколку земји меѓу кои Австралија како пионер во воведувањето на полимерните банкноти, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеи и Романија ги имаат заменето традиционалните хартиени банкноти со полимерни, а на ова семејство од 15-ти мај му се приклучи и Република Македонија откако Народната банка во оптек ги пушти новите 10 и 50 денарки.

На прашањето на Телеграф дали и Србија ќе го следи овој тренд, Народната банка на Србија одговара дека засега монетарните власти не планираат емисија на банкноти изработени од полимер. Според нив, пластичните банкноти покрај предности, имаат и маани како што се:

- Трошокот за нивно производство е поголем отколку за хартиените;

- Ракувањето е со овие банкноти е отежнето кога постои влага

- Бојата избледува кога се изложени на сонце

- Не е во потполност потврдена компатибилноста со машините за уплата и исплата