Свет
1. April 2017 - 14:16

Србите на Косово ќе гласаат на 20 избрачки места

Косово дозволи Србите што живеат на Косово да може да гласаат на претседателските избори.

- Утре Србите ќе може да гласат на 20 избирачки места на целата терторија на Косово. Изборниот процес ќе се одвива идентичко како и во Србија. Она што е поразлично е пребројувањето на гласовите, што нема да се врши во Косово, пишува „Коха диторе“.

Веста ја потврди Бајрам Гецај, заменик министер за локална самоуправа и советник на премиерот Иса Мустафа.

На предвремените парламентарни избори во 2016 година на Србите им беше дозволено гласање, процес што го набљудуваше мисијата на ОБСЕ. а пребројувањето на гласовите беше во Србија, поточно во Врање  и Рашка.