-->
-->
Србиновски: Хендрикс во екипата против Венцуела
-->
Македонската кошаркарска репрезентација на трите контролни натпревари постигна три победи, а селекторот Марјан Србиновски дуелите ги одигра со 14 играчи. Оние кои беа „вишок“ беа заради тактички решенија, но и заради здравствени проблеми. Единствено Американецот со македонски пасош Ричард Хендрикс, не беше во план да игра бидејќи последен се приклучи на подготовките.
Изминативе денови од доаѓањето Хендрикс тренираше со кондициониот тренер Џакомо Браида, а селекторот Србиновски за приклучувањето на натпреварувачкиот ритам изјави:
- Не сакаме да ризикувам со Хендрикс. Тој работи со кондициониот тренер. Хендрикс ќе биде во составот на дуелот што во петок ќе го играме во Гевгелија против Венецуела. Ќе видиме тогаш и колку ќе може да игра.
Натпреварот со Венецуела ќе биде и последен што нашата кошаркарска репрезентација ќе го одигра во рамките на подготовките на домашен терен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со К-15
-
30 години Сител со Куманија
-
30 години Сител со Лазе Паковски
-
30 години Сител со Тони Михајловски
-
30 години Сител со Коле Ангеловски