Loading Video...
Спорт плус
3. May 2022 - 18:18

Србинот, Ратко Павличевиќ е нов селектор на машката одбојкарска репрезентација на Македонија

 
Искусниот српски тренер Ратко Павличевиќ е новиот селектор на машката одбојкарска репрезентација на Македонија. 
 
Одбојкарската федерација на Македонија го назначи 56-годишен Павличевиќ за наследник на неговиот сонародник Душко Николиќ кој сега ќе ја предводи  репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
 
Новиот селектор веќе утре во Маврово, ќе ја има и првата прозивка на нашите одбојкари во пресрет на почетокот на подготовките за настап на две силни натпреварувања ова лето.
 
Македонија со Павличевиќ за 20 дена ќе ги започне натпреварите во Европската сребрена лига на ЦЕВ, во која за противници ќе ги има селекциите на Албанија, Босна и Херцеговина и Романија.  
 
Одбојкарите летово ќе настапат и на Медитеранските Игри што ќе се одржуваат во Оран, Алжир.