Балкан
12. July 2019 - 14:30

Србинка се враќала од плажа во Сутоморе кога ја гризнал коњ: На сите околу им беше смешно, само мене не!

Во Сутоморе една жена ја каснал коњ додека се враќала од плажа.

-Се враќав од плажа. На ливадата имаше неколку коњи. Еден Русин одеше пред мене, му пријде на коњот, го помилува животното и помина. Поминав и јас, но одеднаш почувствува некаков удар одзади, непријатна и силна болка во пределот на грбот. Во моментот на знаев што ме снашло. Инстинктивно со рака го фатив болното место. на прстите ми останаа траги од крв. Ме гризна коњот, раскажа жената.

Веднаш отишла на лекар..

Ilustracija

„Кога се пожалив што ми се случило, повеќето луѓе ме гледаа со неверување, а некои и се смееја. Мене не ми беше до смеење, вели жената.

Истакнува дека во Сутоморе има многу кучиња скитници и крупен добиток, меѓу кои и коњи.

-Мојот одмор се претвори во одење по лекари, раскажува очајната средовечна жена од Србија која во Сутоморе има куќа и таму летува со години.

Од Здравствениот дом во Бар велат дека доставиле извештај до ветеринарната инспекција.

-Коњот не е пронајден. Врз основа на прегледот на коњот треба да се утврди која терапија ќе ја прими жената, велат лекарите од Бар.

Ветеринар вели дека е реткост коњ да гризе, но се случува.

Коњите може да заболат од беснило, но последните години ветеринарите не забележале таков случај.