Србин во Швајцарија паднал низ прозорец на бордел и загинал
Србин на возраст од 28 години паднал низ прозорецот на бордел во Цирих и починал, пишуваат швајцарските медиуми.
Несреќата се случила минатиот петок, а вчера швајцарските власти објавија детали за инцидентот. Досега, според информациите од медиумите, нема докази дека во несреќата учествувало друго лице, па настанот се третира како несреќен случај.
Несреќата се случила утрото, околу 10:45 часот. Минувачите виделе човек како лежи на улицата и веднаш повикале полиција. Жена што живеела во соседната зграда, рекла дека слушнала гласови, како расправија меѓу маж и жена.
За настанот сведочел и еден Сириец. Тој бил на другата страна од улицата и разговарал со пријател по телефон.
„Мажот по расправија се обидуваше да излезе низ прозорецот. Едната нога му беше надвор, другата внатре. Се обиде да стигне до соседниот балкон. Се лизна и падна на глава“, објаснил сведокот. Тој додал и дека човекот имал перница во раката.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто