Балкан
12. October 2018 - 12:19

Србин усмрти дете, па се обеси од тага

Четиригодишниот Небојша И. од Србија настрада во страшна несреќа кога сосед, колега и близок пријател на татко му, го прегазил со возило.
 
Здравко Т. го прегазил малото момче додека трчало по населбата, а по трагедијата се обидел да се самоубие од тага. Секунди го делеле од смрт кога пробал да се обеси, но соседите го спасиле.
 
Сведоци велат дека детето се обидело да премине улица за да дојде до мајка си, налетал соседот со Голф со голема брзина, го кренал на хауба и усмртил на лице место.
 
Здравко во возилото влегол пијан и без дозвола, а неможејќи да си прости отишол да се обеси.
 
Еден од соседите ја ставил мајката во кола со детето, но му немало спас.
 
Трагедијата го потресе цел регион.