Балкан
3. December 2017 - 21:46

Србин уапсен во Грција со 135 кг кокаин вреден околу пет милиони евра

Грчката полиција уапси во близина на Атина државјанин на Србија со 135 кг кокаин, со улична вредност од околу пет милиони евра, објавија белградски медиуми.

Србинот чиј идентите не е објавен, бил уапсен во приморското место Варкизи и се претпоставува дека е член на банда криумчари на дрога која снабдувала познати личности.

Полицијата во неговиот стан освен кокаинот пронашла и 12.000 евра. Проценките се дека вредноста на 135 кг запленетиот кокаин на илегалниот пазар е околу пет милиони евра.

Според грчки медиуми, кокаин масовно се појавил во ноќните клубови во Грција меѓу богата клиентела, а полицијата продолжува со истрагата „бидејќи криминалнатагрупа во која бил Србинот има десетици припадници“.