Балкан
7. December 2018 - 9:45

Србин продал стан за да купи „Јагуар“

Бојан Матиќ од Ваљево купил автомобил „Јагуар“ од лимитирана серија кој го посакувал уште како дете, а за да дојде до него го продал својот стан во центарот на градот, јави Б92.нет.

Матиќ го чува автомобилот во затворен простор од 35 квадратни метри кој го грее и има тепих. Тој сега живее во викендица од 17 квадрати.

– Мојот автомобил е посебен во се и не е на продажба. На сите би им препорачал да ги следат своите соништа, изјави тој за српската телевизија Прва.

Матиќ автомобилот го купил пред едена година, а за да ги види реакциите на заинтересираните, во еден момент, го огласил на продажба за 121.000 евра. Неговиот „Јагуар“ е произведен во ограничена серија од само 121 примерок.